loader image

Услови и правила за користење на Brainify

Со пристапување, купување и користење на Brainify програмата, се согласувате со следните услови и правила. Ве молиме внимателно прочитајте ги пред да ја користите програмата.

1. Општи информации

Brainify е онлајн едукативна програма управувана и администрирана од:


IONIZ LLC

169 Madison Ave Ste 11534 Unit 295

New York, NY 10016

United States


Со купување на програмата, корисникот добива пристап до дигитална едукативна содржина преку личен кориснички профил.


Со користење на Brainify, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил овие услови и правила.

2. Пристап до програмата

По успешна уплата, корисникот автоматски добива:

 

  • личен кориснички профил

  • пристап преку e-mail и лозинка

  • пристап до сите купени лекции преку личен контролен панел

Пристапот е личен и наменет само за еден корисник.

3. Забрана за споделување и злоупотреба

Строго е забрането:

  • споделување на пристапот (email и лозинка) со трети лица

     

  • споделување, преземање или дистрибуција на видеа, PDF материјали и линкови

     

  • препродажба или јавно објавување на содржината

     

Системот може автоматски да детектира повеќекратни најави од различни уреди или локации.

 

Во случај на злоупотреба, IONIZ LLC го задржува правото привремено или трајно да го оневозможи пристапот, без право на рефундација.

4. Интелектуална сопственост

Сите материјали во рамки на Brainify, вклучувајќи:

  • видеа

     

  • текстови

     

  • PDF документи

     

  • чек-листи

     

  • графички материјали

     

Се исклучива интелектуална сопственост на IONIZ LLC и е заштитена со важечките закони за авторски права.

Неовластено копирање, дистрибуција или користење е строго забрането.

5. Плаќање и наплата

Плаќањето на Brainify програмата се врши онлајн преку сигурен платежен процесор со дебитна или кредитна картичка.

 

Цените се јасно прикажани на веб-страницата.

 

По успешна уплата, пристапот до програмата се активира автоматски.

6. Политика за рефундација

Поради дигиталната природа на програмата и моменталниот пристап до содржината, рефундација не е возможна по добивање на пристап до курсот.

 

Со купување на програмата, корисникот се согласува со оваа политика.

7. Одговорност и резултати

Brainify е едукативна програма и не гарантира конкретни финансиски резултати или заработка.

 

Успехот зависи од:

  • личниот ангажман
  • вложеното време
  • практичната примена на знаењето

IONIZ LLC не сноси одговорност за индивидуалните резултати на корисниците.

8. Технички проблеми и поддршка

Во случај на технички проблеми со пристапот или користењето на платформата, корисникот може да се обрати за поддршка преку официјалниот контакт.

IONIZ LLC ќе направи разумен напор за навремено решавање на проблемите.

9. Измени на условите

IONIZ LLC го задржува правото во било кое време да ги измени или ажурира овие услови.

Сите промени стапуваат на сила со моментот на нивно објавување на веб-страницата.

10. Контакт

За прашања, поддршка или пријавување на проблем, можете да не контактирате преку: hello@brainify.mk

Со користење на Brainify, потврдувате дека се согласувате со сите наведени услови и правила.

 

Ви благодариме на довербата,

Тимот на Brainify 

Управувано од IONIZ LLC.